|

ОДБЕЛЕЖАНИ 29 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ОПШТИНА НОВАЦИ

Со свечена седница која започна со едноминутно молчење за трагично загинатите во пожарот во Кочани денеска се одбележаa 29 години успешнo постоење и функционирање на Општина Новаци. Градоначалникот и Советот на Општина Новаци доделија еднократна парична помош за настраданите во износ од 300 000 денари.

Оваа година Денот на Општина Новаци се одбележа со скромни активности меѓу кои полагање на цвеќе на гробот на Пеце Матичевски, кој загина во конфликтот во 2001 година, полагање на цвеќе пред бистата на Славко Лумбарковски во основното училиште во Новаци, чиј патронен празник исто така се празнува денес, рецитал, историски час, ликовна изложба и доделување на благодарници на учениците за најдобри достигнувања.

Слични Објави