|

Чонески и Ислами – со заеднички сили за поголеми резултати

Градоначалникот на Општина Крушево, г. Нако Чонески, оствари официјална средба со градоначалникот на Општина Долнени, г. Блерим Ислами, на која беше разговарано за унапредување на меѓуопштинската соработка и заедничко делување во интерес на граѓаните.



На средбата фокусот беше ставен на размена на искуства, координација на активности и можностите за реализација на заеднички проекти во повеќе области, со цел поттикнување на локалниот развој и подобрување на јавните услуги.

Двајцата градоначалници ја нагласија важноста на заедничката соработка помеѓу општините, особено помалите, како клучен механизам за надминување на ограничените ресурси, поефикасно користење на капацитетите и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните.

Тие исто така ја истакнаа потребата од континуиран институционален дијалог, како основа за поефикасно решавање на заедничките предизвици, и изразија подготвеност за интензивирање на соработката во наредниот период, особено во делот на инфраструктурата, туризмот и регионалниот развој.

Средбата беше оценета како значаен чекор кон градење посилни партнерства меѓу локалните самоуправи и креирање политики кои директно ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните во двете општини.

Слични Објави