„МАРШ НА АНГЕЛИТЕ“ – „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“
Денеска во Кочани во организација на родителите и семејствата на загинатите и повредените во пожарот во т.н. дискотека се одржа осмиот “Марш на ангелите“.
Како и на претходните, тие со поддршка на граѓани од Кочани и други места, маршираа молчечки со фотографиите на нивните загинати деца и порачаа дека чекаат правда.
„Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“, порачаа меѓудругото.