|

Општина Прилеп одбележа 153 години од раѓањето на Гоце Делчев

Со положување цвеќе и пригодна свеченост, Општина Прилеп денеска го одбележа 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, еден од најзначајните македонски револуционери и идеолози на националната борба за слобода.

Делегација предводена од претседателката на Советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска-Локвенец, заедно со претставници од училиштата, наставници, ученици, политички партии и граѓански здруженија, положи свежо цвеќе и се поклони пред бистата на Делчев во дворот на Основното училиште „Гоце Делчев“.

„Делото на Гоце Делчев претставува вечен симбол на слободољубието и борбата за независна Македонија. Неговите идеи и денес се инспирација за новите генерации,“ истакна Стерјовска-Локвенец во своето обраќање.

Во рамки на одбележувањето, учениците од училиштето преку различни активности – рецитации, историски осврти и уметнички изведби – ја претставија визијата и животниот пат на Делчев, нагласувајќи ја неговата заложба за слободна и напредна татковина.

Општина Прилеп останува посветена на зачувување на историското наследство, пренесувајќи ги патриотските вредности на идните генерации. „Продолжуваме да се сеќаваме и да учиме од луѓето кои ја граделе историјата на Македонија,“ порачаа претставници од општинската администрација.

Со овој настан, Прилеп уште еднаш покажа дека го чува споменот на своите херои и ја негува традицијата на македонската самобитност.

Слични Објави