| |

Во Крушево одбележан Денот на власите: Мултикултурноста како сила на заедништвото

Со пригодна свеченост вчера во Крушево беше одбележан Денот на власите, етничка заедница со длабоки корени и значаен придонес во културниот и општествениот развој на Македонија. Настанот собра претставници од локалната власт, културни здруженија и граѓани кои заеднички ја прославија уникатноста и традициите на влашкиот народ.

„Власите, со својата трудољубивост, културен придонес и љубов кон татковината, се вистински пример за тоа како мултикултурноста може да биде сила, а не пречка“, изјавија од Општина Крушево.

Општинските претставници ја истакнаа посветеноста на локалната самоуправа во зачувувањето на културното богатство и поддршката на сите етнички заедници. „Наш приоритет е создавање општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван, ценет и еднаков“, порачаа од општината. Програмата по повод Денот на власите вклучуваше настапи на културно-уметнички друштва, традиционална музика, како и изложба на влашки носии и ракотворби. Настанот уште еднаш потврди дека Крушево останува симбол на соживот и меѓусебно почитување.

Слични Објави