КООРДИНАТИ НА БОЛКАТА – АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА (ВИДЕО)
Синоќа „Лувр“ во Прилеп беше местото каде се одржа промоција на поетската збирка „Координати на болката“ од Александра Спасеска. Низ разговор со авторката, промоторот Звонко Димоски ја доближи поетската збирка до прилепските љубители на пишаниот збор. Илустрациите во книгата се на визуелната уметница Марија Конеска, која соработуваше со авторката и на нејзината прва книга, „Прости песни (на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе), што имаше промоција во Прилеп лани во јуни.