Најуспешните жени менаџерки на средба со Претседателката Гордана Силјановска-Давкова во вилата Билјана во Охрид
Најуспешните жени менаџерки прогласени од агенција Марили за 2024 година во саботата беа на средба со Претседателката Гордана Силјановска-Давкова во вилата Билјана во Охрид!
Во прекрасен амбиент Претседателката се запозна со сите жени менаџерки, давајки подршка на женското менаџерство и лидерство!
„Агенцијата „Марили“ која безмалку 3 децении ја организира оваа манифестација, препознавајќи ги потенцијалите и придонесот на македонските жени менаџерки, но и успешните лични бизнис приказни во регионот. Уверена сум дека ваквите иницијативи силно го поттикнуваат натамошниот професионален развој на жените во бизнис секторот.“ – објави Претседателката Гордана Силјановска-Давкова на својата ФБ страна
Бројните идеи и иницијативи од менаџерките беа мотив за неа да превземат заеднички активности во иднина!
Оваа година беа награди следниве 13 лауреатки со статуетка „Жена Водилка“, од кои се 10 менаџерки од Р.С. Македонија, а три од Р. Србија и Р. Хрватска.
- 1. Д-р Катерина Бошевска, Генерален директор ЕОS Македонија и EOS Косово
- 2. Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска, Генерален менаџерКамел 98 – Виница
- 3. М-р Евгенија Ѓорѓиеска, Извршен менаџер Ламинати КОМ Доо – Прилеп
- 4. Цветанка Илиева, Генерален менаџер Бистро Груп ДОО – Гевгелија
- 5. М-р Ирена Јакимова, Генерален менаџер Инспирит Коучинг- Скопје
- 6. Д-р Јелисавета Георгиева – Јовевска, Потпретседател на СКСМ Стопанска комора на С. Македонија
- 7. M- р Клаудија Лутовска, Генерален менаџер Сеттим Консалтинг – Битола
- 8. Марија Патриклиска, Менаџер за човечки ресурси ЕАМ ДОО – Штип
- 9. М-р Маја Наумовска – Савеска, Директор на корпоративни и маркетинг комуникации Халкбанк АД – Скопје
- 10. М-р Весна Ставрова, Генерален менаџер ПЗУ Аптека „Сара Фарм“ – Скопје
- 11. Д-р Сања Путица, Менаџер за односи со јавност и инвеститор Атлантска пловидба д.д – Р. Хрватска
- 12. М-р Дариа Шуриќ, Генерален менаџер DarMell – Р. Хрватска
- 13. М-р Зорана Пејчиќ, Генерален менаџер и Претседател на ИО ДУНАВ РЕ (Дунав Реосигурување) , Р. Србија
Целта на манифестацијата, е поттик за идните млади генерации, особено девојки, да се охрабрат, да веруваат во себе, и со знаење, постојано надградување и чесност да чекорат бодро низ сите животни предизвици и да успеваат на сите полиња. Секако, нивната борба за родова рамноправност во општетсвото и бизнисот да им биде водилка низ животниот век , за бидат пример и поттик за генарациите кои доаѓаат по нив.