|

ВТОР ПО РЕД ВИМБЛДОН ЗА АЛКАРАЗ

Со победата над Новак Ѓоковиќ, шпанецот Карлос Алкараз ја одбрани титулата на Вилблдон. Првите два сета беа рутински и за нешто повеќе од час Алкараз веќе водеше до 2-0 (6-2; 6-2). Во третиот сет Ѓоковиќ го подигна нивото на игра и спаси три меч топки на резултат 5-4 и 40-0 за мечот да се решава на тај-брејк. Во тај-брејкот шпанецот беше посмирен и исупеа да го добие со 7-5. Крајниот впечаток е дека, Алкараз беше далеку подобриот играч и заслужено го подигна победничкиот трофеј втора година по ред.

Слични Објави