„Превенција од пушење” едукативно предавање во соработка со Центарот за јавно здравје – Прилеп
Денес во Основното општинско училиште „Рампо Левката“ – Прилеп, во соработка со Центарот за јавно здравје се одржа едукативно предавање наменето за деветтоодделенците.



„Превенција од пушење", беше темата на денешното едукативно предавање, наменето за нашите деветтоодделенци, во соработка со Центарот за јавно здравје Прилеп.Предавач беше д-р Аксиња Гарбеска Кебакоска, специјалист по социјална медицина, на која сме и бескрајно благодарни за соработката. - стои на фејсбук страната на училиштето.