СКОРО ЦЕЛ БАЛКАН И ПОМАГА НА МАКЕДОНИЈА ВО БОРБАТА СО ПОЖАРИТЕ
Канадер со две посади доаѓа од Хрватска, по еден хеликоптер од Србија и Црна Гора, два од Словенија и два ЕР траткори од Турција ги гаснат пожарите во Македонија.
Пожари сѐ уште има во битолско, штипско, неготинско, гевгелиско…Оној кај Радовиш каде гореше борова шума, синоќа бил ставен под контрола. Од вчера има пожар кај Грчец, но и на Солунска глава каде гореле трева и нискостеблеста вегетација. Продолжува битката со пожарот во селата Дреново и Долно Јаболчиште во Општина Чашка и во села во Општина Долнени.
Директерот на ЦУК Стојанче Англеов објави и снимка од кабина на хеликоптер со која се заблагодари на сите храбри пилоти кои се борат со пожарите кои ја зафатија Македонија.
„Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат“, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Физичките лица кои ќе бидат затекнати како се движат низ шума или шумско земјиште може да се соочат со глоба од 1. 500 до 2. 000 евра во денарска противредност.