ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ДИМИТАР ДИМЕСКИ АВТО СЛАЛОМ ШАМПИОН ВО КЛАСА 1 (ВИДЕО)
Вчера на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп се одржа авто слалом трка на која учество зедоја повеќе од 40 натпреварувачи. Патеката беше од кружниот тек кај домот на култура „Марко Цепенков“ до кружниот тека кај судот. Интересен адреналински настан во кој беше проселден од неколку стотини прилепчани распоредени покрај патеката.
Од оваа година трката во Прилеп ќе биде меморијална во чест на Стефан Столески, члена на авто клубот, кој во изминатото лето трагично загина во сообраќајна несреќа.
Втора година по ред, победник во Класа 1 е Димитар Димески со Фиат Чинквеченто.