Идентификувани и дефинирани приоритетите на првата форумска сесија во рамките на регионалните форуми во заедницата во Пелагонискиот регион
На 09.11.2023 во хотел Милениум во Битола се одржана првата форумска сесија во рамките на регионалните форуми во заедницата во Пелагонискиот регион.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го реалзира овој циклус на регионални консултативни форуми преку кои ќе се изврши идентификација и приоретизација на регионални проекти во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа.
На првата форумска сесија учествуаа преставници од јавен, невладин и бизнис сектор од сите општини од Пелагонискиот плански регион. Учесниците со поддршка на модераторот, оперативната група и експертот имаа плодна и успешна прва форумска сесија.
На форумска сесија извршено е структурирање на форумот, утврдување на правила за работа како и презентација на форумскиот процес. Потоа се пристапи кон идентификација и дефинирање на приоритетни регионални проблеми со кои се соочува регионот.
Согласно правилата и прописите овие проблеми ќе се преточат во предлог решенија односно концепти кои пак форумот ќе ги приоретизира на следната форумска сесија а кои ќе влезат во конкуренција за имплементација од проектниот фонд.
Средствата за реализација на регионални проекти се обезбедуваат од Програмата за рамномерен регионален развој на МЛС и БРР. Процесот е поддржан од Министерство за локална самоуправа и Швајцарија