Хуманитарна средба во Клуб Калинка: „Да се сплотиме за Стефанија!“
Уште еден повик, за Прилеп да ја покаже својата хуманост. Во среда, на 30 јули 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Клуб Калинка, ќе се одржи хуманитарен настан под мотото „Да се сплотиме за Стефанија!“
Настанот има за цел да собере средства за лекување на Стефанија, млада девојка од Прилеп, која се соочува со сериозен здравствен предизвик. Секој може да придонесе – со присуство, со поддршка, со срце.
Влезот е симболични 50 денари, а средствата од продажбата на билети ќе бидат наменети целосно за лекувањето на Стефанија. Организаторите повикуваат сите луѓе со добро срце да дојдат, да се забавуваат и пред сè – да помогнат.
Со слоганот #ЈасСумХуманБидиИТи, дечките од Dream Team Prilep, уште еднаш покажуваат дека се секогаш тука да не повикаат на хуманитарна забава.
Да покажеме дека заедно сме посилни!
Ве очекуваме!



