„МОЌТА НА НЕВИДЛИВИТЕ ХЕРОИ“ – ПРОМОЦИЈА НА ТРЕТОТО ДЕЛО НА САЊА ПОПОВСКА
Во полна сала на Градската библиотека „Борка Талески“ Прилеп, со силни емоции и пораки што допреа до присутните, помина промоцијата на третото дело на Сања Поповска, насловено „Моќта на невидливите херои“.
Во најновоо дели, Поповска преку исповед на 17 хероини, не запознава со мултиплекс склерозата (МС), но пред сè со тоа, како луѓето кои живеат со оваа дијагноза, нивните семејства, се справуваат со секојдневните предизвици и нивната борба што често останува невидлива за околината.
И самата соочена со оваа болест, Сања одлучила своето искуство да го претвори во глас за сите оние кои минуваат низ слични животни предизвици. Преку личната приказна зборува за тешкотиите, храброста, соништата и надежта која не смее да згасне.
Промоцијата донесе и поучни, и емотивни моменти, потсетувајќи дека зад секоја дијагноза стои човек, приказна и семејство.


