| |

Надлежности на општината и како ги остварува – Комунални дејности

Законот за комуналните дејности ги смета комуналните дејности како стопански дејности (давање услуги) и надзор над тие услуги. Таквата дејност се врши преку јавно претпријатие основано од општината или Владата, но тоа може да биде и  правно и физичко лице со дозвола за вршење комунална дејност. Урбаната опрема служи за обезбедување комунални услуга и „за заедничка потрошувачка“ и Советот тоа „општо“ го регулира со посебен  акт, како и комуналната инфраструктура. Подетално, комуналните услуги се предмет на „Одлука за комунален ред“ на Советот на општината. Услугите се наплаќаат од граѓаните, а комуналните претпријатија добиваат пари и од  буџетите на општините и од владата, од кредити и од донации, затоа што (многу често) овие претпријатија се во загуба. „Комуналните дејности“ се вршат врз основа на развојни планови и програми кои се донесуваат за период од три години. ЈП, чиј основач е општината, сѝ донесуваат годишна програма, по претходна согласност од Советот и носат Одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување.

Слични Објави