| |

Надлежности на општината и како ги остварува – Урбанистичко планирање

Урбанистичко планирање, управување со градење и градежно земјиште
Ова е изворна надлежности на општините, гарантирани со Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење, Законот за градежното земјиште и Законот за катастар на недвижностите. Во законите, државата решила инвеститорот да биде центар на постапката и постојат многу начини како некој да стане инвеститор, не само сопственикот на земјиште, туку и секој „носител на прао на градење“ (ако некој добие долготраен закуп на градежно земјиште, ако е концесионер, носител на правото на службеност заради градба, лице на кое сопственикот на земјиштето или носителот на правото на долготраен закуп на градежно земјиште му го пренел правото на градење со правно дело и лице кое се стекнало со право на градење со решение на стечаен судија при продажба на правото на градење во стечајна постапка).

Оваа надлежност општините ја остваруваат преку Сектори за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина. Тие, вообичаено имаат: Одделение за издавање одобренија за градба; Одделение за градежно земјиште; Одделение за патна инфраструктура и Одделение за комунални работи.

Слични Објави