| |

ЦРЕ – Прилеп и Општина Кривогаштани објавија ЛИТЕРАТУРАН КОНКУРС

ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС



за поетски творби на тема:

„Социјална правда – да создадеме општество каде СЕКОЈ ЕДЕН Е ВАЖЕН!“

Здружение „Центар за развој и едукација“ – Прилеп, во соработка со Општина Кривогаштани, распишува
литературен конкурс за поетски творби на тема:

„Социјална правда – да создадеме општество каде СЕКОЈ ЕДЕН Е ВАЖЕН!“

Социјалната правда започнува со збор.
Со мисла.
Со храброст да се каже она што често останува премолчено.

Затоа ги повикуваме младите поети да ја раскажат приказната што светот сè уште не ја слушнал –
приказна за достоинството, еднаквоста, солидарноста и меѓусебната грижа.
Приказна за нас, за нашата заедница и за вредностите што нè поврзуваат и нè прават похумано општество. Да ги споделат своите мисли, емоции и искуства поврзани со правдата, еднаквоста, солидарноста и заедништвото.

Поезијата е простор во кој детскиот и младинскиот глас може слободно да зборува, искрено и без ограничувања, за она што го смета за важно.

Право на учество имаат учениците од сите основни училишта на територијата на Општина Кривогаштани. Конкурсот е организиран во две категории:

  • Прва категорија опфаќа ученици од прво до петто одделение.
  • Втора категорија опфаќа ученици од шесто до деветто одделение.

Поетските творби треба да бидат авторски и оригинални, напишани на македонски јазик. Тие треба да бидат подготвени на една страница во А4 формат, со фонт Arial, големина 12.

Секоја творба задолжително треба да ги содржи следните податоци: име и презиме на ученикот, одделение, име на училиштето и име и презиме на менторот.

Творбите се доставуваат по електронски пат на е-адресата: cre.prilep@gmail.com.
Краен рок за доставување на творбите е 13 февруари 2026 година.

Слични Објави