|

Над 200 задоволни корисници преку Помош и Нега во Домот

Центар за развој и едукација – Прилеп

Новиот Закон за социјална заштита, во 2019 година донесе значителни новини на правата на парична помош, и тоа во однос на обемот, видовите, износите и критериумите за остварување на правата, како и за прв пат воведување и  класификација на видовите на социјални услуги, начинот, обемот, процедурите и стандардите за обезбедување на социјалните услуги и обезбедување услови за намалена зависност од институционална заштита. Притоа, општините добија значително поважна улога за стратешко планирање и обезбедување на услуги преку општинските совети за социјална заштита и советите за социјална заштита на планските региони кои се веќе формирани во поголем дел од општините и планските региони.

Исто така како новина со измените на законот од 2019 година е дека Здруженијата и НВОите, кои се стекнаа со лиценци како даватели на социјалната услуга, можат да испорачуваат услуги на терен.

Како добар пример е Здружението Центар за развој и едукација Прилеп лиценциран давател на социјалната услуга Помош и нега во домот со која се обезбедува помош и поддршка за независно живеење за лица со попреченост и намалена функсицонална способност на територијата на општините Кривогаштани, Долнени и Прилеп.

Моментално 58 обучени и сертифицирани негуватели и медицински сестри обезбедуваат квалитетна и професионална помош и поддршка за над 200 корисници да ја одржуваат способноста самите да се грижат за себе, за да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата.

Воспоставувањето и обезбедувањето на услугата Помош и нега во домот се овозможува со соработка и поддршка од Проектот за подобрување на социјалните услуги, општините и Меѓуопштинскиот ценатр за социјална работа Прилеп со цел да дадеме заеднички придонес за спроведување на успешна социјална реформа каде заедно градиме општество каде секој еден е важен.

Се надеваме дека во иднина ќе се зголеми бројот на обучени и сертифицирани негуватели и медицински сестри а секако и завоволни корисници.

Слични Објави