Да го вклучиме и Прилеп во светот на музичките вредности
Недела 21.04.2024 во Клуб Калинка – Прилеп, за прв пат се одржа “Record store day”, под мотото „Да го вклучиме и Прилеп во светот на музичките вредности“.
Прилепските љубители на квалитетната музика имаа можност да си изберат музика на стари носачи на звук (грамофонски плочи, аудио касети, аудио дискови) од најголемите колекционери во Прилеп.
Организатор на настанот е Блаже Томески – Биџо, колекционер и Ди-Џеј. Познат по тоа што неговите сетови се составени од алтернативна музика. „Манефестацијата е организирана во многу краток рок, со надеж дека ќе се развива и расте“ – вели Биџо на неговиот FB профил.
На настанот организаторот додели дипломи за залагање во сопственото колекционерство, на прилепчани кои се избрани според нивната активност на музички настани и социјалните страни за музика.
Тони Стефаноски – за најбрзо и најскапо обновување на сопствената колекција
Душко Димкоски – за поддржувач на македонските групи и колекционер од средната генерација
Борис Мавроски – за колекција на ретки и вредни винили.
Мики Велески – за најнов колекционер од најмладата генерација
Клуб Калинка – за овозможување да се одржат вакви настани
Таверна Клуб 1990 – за одржување на првиот саем на Грамофонски плочи во Прилеп
Филип Јездиќ – За најуспешен музичар од Прилеп, соработник со многу групи и сопствени ЦД.
Corpus Dellicti records (Тошо Филиповски) – За најмногу изданија на македонски групи на винили и едукација со музичките енциклопедии.
Q Records Macedonia – за активност во издаваштвото на Винили.
Настанот заврши со благодарност до сите учесници и желби за повеќе дружби од овој тип, па наскоро и втора винил берза.