АЛЕКСАНДРА И СЕРГЕЈ ВО ПРИЛЕПСКИ ПОХОД НА ШТИП (ВИДЕО)
На овогодинешниот Мак Фест, Прилеп ќе има двајца претставници. Александра Трајческа и Сергеј Попоскои, можеби и најталентираните пејачи од нивната генерација, кои самоуверено го бараат местото на македонската музичка сцена.
За Александра ова е втор настап, а Сергеј за прв пат ќе се појави на сцената во Штип. Убавата прилепчанка оваа година ќе настапи со песна која е комплето направена од Зоран Алексиќ со наслов „Навика“
Сергеј своето деби ќе го има со песната „Сите утра“, напишана од Ефтимија Јованова, а аранжманот е на Дамјан Лазаров: