Учениците од Ресен блеснаа во Брисел
Денес, учениците од СОУ – ЦАР Самоил Ресен, блеснаа во Брисел на натпреварот „Европски квиз на пари“.
На натпреварот – Европски квиз на пари, учествуваа преставници од 26 земји од Европа.
Прво место за учесниците од Австрија, второ место за Чешка и трето за место за учесниците: Кирил Китевски ( Kiril Kitevski) и Кристијан Лазароски( Kristijan Lazaroski), заедно со менторот Дијана Горгиевска( Dijana Gjorgievska) од МАКЕДОНИЈА.
„За успесите и постигнувањата потеребни се „Работа, труд, љубов, енергија, Горди сме што Ве имаме! Благодарност и до Општина Ресен и Јован Тозиевски – Градоначалник на Општина Ресен за целата поддршка. Стои во изјавата на @С.О.У Цар Самоил Ресен