„Маркови точакџии“ со традиционално искачување на Маркови Кули ја отворија вело сезоната 2026
Со традиционално искачување на Маркови Кули, прилепското здружение на велосипедисти „Маркови Точакџии“, заедно со Вело Че и бројни љубители на велосипедизмот, по седми пат ја отворија вело сезоната.
Велосипедистите, како и секоја година, стартуваа од пред споменикот на Крали Марко во центарот на Прилеп, по што турата заврши кај тврдините на Маркови Кули, симболот по кој здружението го носи своето име.
Од „Маркови Точакџии“ најавуваат дека и во 2026 година ќе следуваат бројни заеднички вело тури и активности, со цел промоција на велосипедизмот и активниот начин на живот.



