Заменик амбасадорот на Австралија во посета на општина Новаци

Заменик амбасадорот на Австралија во Амбасадата во Белград, Филип Андерсон и почесниот конзул на Австралија во Македонија, Зоран Костовски, денес ќе ја посетат општина Новаци, ќе остварат средба со градоначалникот Стевче Стевановски, членови на Советот, локални администратори за различни прашања, бизнис сектор, земјоделци, претставници од НВО, образовани.

Според агендата на посетата, на почеток ќе има почесно обраќање заменик амбасадорот – австралиско искуство во руралните заедници за земјоделството, диверзификацијата на посевите, туризмот, еколошките прашања.
– Дискусија за локални прашања, разбирање на приоритетите на заедницата, локални деловни и земјоделски проблеми.
– Дискусија за можностите за соработка, поддршка и развојни иницијативи.
– Дискусија на тркалезна маса со различни засегнати страни, Проект „Од полињата со тутун до училишта без тутун: Да го негуваме здравјето во нашата заедница“, поддржан од ДАП.

Слични Објави