„Музички излет во природа“ во Коњарка – Новаци
Општина Новаци најавува уникатен настан за сите љубители на музиката и природата – „Музички излет во природа“, кој ќе се одржи во недела, на 24 август 2025 година, со почеток во 10:00 часот во спортско-рекреативниот парк Коњарка.

Настанот е под мотото „Од срце за својот роден крај“ и ќе донесе богата програма со настапи на повеќе познати и локални изведувачи. На сцената ќе се појават:
- музичката фамилија Татјана и Новица,
- групата Маестрал,
- Ташко Карафиловски,
- Туше,
- Дани Даниела,
- дуото Солза и Ѕмеа,
- како и Анастасија Митровска.
Организаторите најавуваат вистински ден за уживање во музика, дружење и добра енергија во природен амбиент. Програмата ќе биде збогатена со скара и ладни пијалоци, хуманитарни донации и лотарија.
Градоначалникот Стевче Стевановски ги покани сите жители и гости на Новаци и регионот:
„Ова е можност заедно да ја почувствуваме убавината на нашиот крај, да се дружиме и да уживаме во музика под отворено небо. Верувам дека ќе создадеме незаборавни спомени.“
Настанот е под покровителство на Општина Новаци.



