Македонците се вториот најгневен народ во Европа
Македонските граѓани се на второ место меѓу европските нации, според извештај од овогодинешниот Глобален извештај за емоции на „Галуп“, којшто покажува колкав дел од населението на секоја земја чувствува бес на дневна основа или лутина.
На прво место за емоции, според исражувањето на Галуп се жителите на Турција а веднаш зад нив се жителите на Македонија.
34 % од жителите на Турцијана секојдневно изразуваат одредена доза гнев. Македонците се втори, со 26% од испитаниците кои изјавиле дека се чувствуваат лути во текот на денот. Албанците и Црногорците (24 %), а потоа и Шпанците (23%).
Од нашето опкружување, Бугарија, Србија и Косово се некаде при дното на листата, бидејќи меѓу 11 и 13 ‘% од граѓаните од овие три земји изјавиле дека чувствуваат гнев во текот на денот. За Грците, таа бројка изнесува 21%.
Додека жителите од Финска и Естонија со (7%), потоа Португалија со (8%), па следат Холандија и Хрватска со (9%), се земјите со најмал процент на гнев на дневна основа во Европа. Според Наодите од овогодинешниот извештај на „Галуп“ се засноваат на речиси 146.000 интервјуа со возрасни луѓе од 142 држави и области во 2023 година.