ОПШТИНИТЕ СО ИСПОЛНЕТИ УСЛОВИ НА КОНКУРСОТ, ВЧЕРА ГИ ПОТПИШАА ДОГОВОРИТЕ
Општините кои ги исполнија условите на распишаниот конкурс од Владата за финансирање на проекти, вчера ги потпишаа договорите.
Според најавата од владата, на општините ќе им се стават на располагање 250 милиони евра, од кои дел треба да бидат реализирани во текот на оваа календарска година, а остатокот во 2025 години.
За општините кои не добија средства, рокот е продолжен до 15 Ноември, а тоа ќе можат да го искористат и останатите општини кои имаат одбиен проект поради некомплетна документација.
Историска ова е најголема инвестиција на централната власт за локалните самоуправи, јавните повици ќе продолжат се до целосно искористување на предвидените 250 милиони евра.