Активни пожари во Пелагонија
Според последната изјава од директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов дадена во текот на денов ситуацијата е: Седум активни пожари на отворено и во шуми, пет ставени под контрола и 31 целосно изгаснати, е билансот на актуелната состојба во земјава,
Во Општина Охрид на планината Галичица, се префрлил од ресенска страна каде гори од врвот Магаро до Стење.
Според изјавата на Ангелов, пожарот ќе биде сопрен и нема да ги загрози населбите во подножјето на планината.
Во Општина Новаци, се одлучиле денеска да дејствуваат со воздухоплови.
-Врз овој пожар денеска одлучивме да дејствуваме со воздухоплови, испратени се два хеликоптера, еден голем полициски и еден словенечки со ведро од по 2,5 тона.
Гори ниска вегетација, трева, гори на тешко пристапен, карпест терен каде што дејството од земја е многу ограничено.
Самиот пожар може да се развие во други насоки, линијата на огнот на некои места можеби е широка 10 километри“, соопшти Ангелов.
Исто така, на ФБ страната од Градоначалникот од општина Новаци беше споделено од очевидец- учесник, ситуацијата со која се справуваат на територијата на општина Новаци во текотот на денов „За денешната акција прво и како што гледате ја ставив прва сликата сакам јавно да им се ЗАБЛАГОДАРАМ на волонтерското друштво АРАНГЕЛ од БИТОЛА кој дојдоја преку 30 особи да ни помогнат да си ја спасиме нашата ОПШТИНА ова друштво војуваше повеќе од 5 до 6 часа во село СЛИВИЦА во кое беше целосно изгаснат пожарот.
Тука морам да кажам дека бев изненаден од луѓето од мештаните од соселаните тука морам да ги пофалам жителите на ЖИВОЈНО и на БАЧ кој со нивните механизаци беа на терен кај нивните соселани од селата СКОЧИВИР и БРОД со оваа сплотеност на крајот добивме убав крај.
Тука не ги забораваме фирмите СТЕНТОН МАРКОВСКИ РЕК БИТОЛА и КОМУНАЛЕЦ НОВАЦИ кој беа предводени од тимот на професионалци а тоа се луѓето од против пожарната единица БИТОЛА со нивните ПРОТИВ ПОЖАРНИ ВОЗИЛА ЦИСТЕРНИ МАШИНИ помогнаја во гаснењето на пожарот. И за крај сакам да се заблагодарам на сите што учествувавте и што при донесовте на било каков начин за Нашата Општина НОВАЦИ“