BALKAN NUEVO НА БОЈЧЕВСКИ И ДЕДИЌ ЈА ВООДУШЕВИ БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА
Во петокот во кристалната сала на Офицерскиот дом, битолската публика уживаше во врвен концерт на квартетот предводен од светски познатиот кларинетист Горан Бојчевски, битолчанец школуван во Виена, има настапувано низ целиот свет со врвни музичари. Во квартетот покрај кларинетистот Горан Бојчевски се и маестралниот Матија Дедиќ, пијанист со посебен израз, Јака Крушиќ на бас и Грегор Хорват на тапани.
Овој концерт е дел од програмата на овогодинешното издание на Битфест, реализиран со поддршка на ЈОУ КИЦ Битола.
Целосната програма на битолското културно лето можете да ја погледнете на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/програма-за-бит-фест-2024/,
Фото – Општина Битола