Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување
Личните карти со старото име, нема потреба да се менуваат, односно важат до нивното истекување. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Пасошите и возачките дозволи се важечки само со новото уставно име. Нема притисок за добивање на пасоши и во голем дел граѓаните веќе добија нови патнички документи – изјави Тошковски