Започна акцијата „Новогодишна кошница“, повеќе од 960 производи по пониски цени за граѓаните

Денес започна акцијата „Новогодишна кошница“, која ќе трае од 15 декември до 15 јануари. Во рамките на оваа иницијатива, на граѓаните им се нудат повеќе од 960 производи по пониски цени, најмалку 10 проценти пониски од редовните. Акцијата е иницирана од бизнис секторот, кој понуди производи со цел да се олесни финансискиот товар на домаќинствата, особено во периодот на новогодишните празници.

Сите производи кои се опфатени со акцијата се обележани со ознаката „Се грижиме! Помалку трошоци, повеќе за тебе“ и се достапни во 38 ланци на маркети. До овој момент, во акцијата учествуваат над 90 производители и дистрибутери на производи.

Компаниите кои сакаат да се приклучат на акцијата можат да се пријават со свои производи преку е-маил адресата info@mojakosnica.mk. Листата на производи кои учествуваат во акцијата не е затворена, а сите информации за акцијата, како и за компаниите и производите кои се дел од кошницата, се достапни на интернет-страницата www.mojakosnica.mk.

„Апелираме до компаниите да ја почитуваат акцијата која што самите ја креираа. Доколку граѓаните имаат забелешки, тие може да ги пријават до Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот телефонски број 191 или на веб-страницата www.dpi.gov.mk“,” истакна заменик-министерот за економија Марјан Ристески.

Слични Објави