Граѓаните уживаа во првата тура со бесплатен превоз до планината
Денес беше реализирана првата тура со бесплатен организиран превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки, што предизвика голем интерес кај граѓаните. Акцијата е резултат на соработката помеѓу Општина Битола, јавните претпријатија „Стрежево“, „ЕСМ Молика“ и „Пелалинк“, како и општествено одговорната компанија за превоз „МИГ Травел“.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го посети скијачкиот центар Копанки, каде што имаше можност да разговара со граѓаните кои го искористија организираниот превоз. Посетителите ја пофалија иницијативата, нагласувајќи дека ваквите активности ја подобруваат достапноста до природните убавини и овозможуваат рекреација за сите.
Денес превозот го искористија 100-тина граѓани од различни возрасти, исто така беше обезбеден посебен превоз за членовите од здруженијата со попречености. Реакциите беа исклучително позитивни, а граѓаните предложија ваквите иницијативи да станат редовна пракса.
Овој чекор е значаен за поттикнување на спортот и туризмот во општината, отворајќи можности зашто повеќе граѓани да ги искусат убавините на Баба Планина.