Клубот Бонсаи со 25 медали на Гран При Скопје 2025
На престижниот турнир Гран При Скопје 2025, кој се одржа на 8 март во спортскиот центар Борис Трајковски, клубот Бонсаи од Прилеп остави силен впечаток. Членовите на Бонсаи, односно каратистите, кои учествуваа на својот втор турнир, се вратија дома со вкупно 25 медали, освојувајќи ги како во категориите кати така и во борбите.
Со ова учество, каратистите од клубот Бонсаи ја потврдија својата силна позиција на карате сцената во Македонија и покажаа дека имаат амбиции да постигнат уште поголеми успеси во иднина.