| |

КОНСТИТУИРАН ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО

Во општина Битола, на 28 март се одржа конститутивна седница на Локалниот Совет за волонтерство, со новите членови кои имаат мандат за период 2025-2027 година. Советот е составен од 9 члена кои се избрани по пат на јавен повик и номинација од институции и граѓански организации.

Ова тело, со својата советодавна работа има за цел да влијае врз зголемување на младинското учество во локалната заедница, преку волонтерство, унапредување на процесите на волонтерство и нивно доближување до граѓаните.

За претседател на Советот за волонтерство е избран Александар Јаневски, а за заменик претседател Филип Етмишовски.

Слични Објави