Кривична пријава за кражба на дрва – Осомничен инспектор од Прилеп и жител од с. Дебреште општина Долнени
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Д. (44) од с. Дебреште, поради кражба, откако бил затекнат со товарно возило натоварено со букови дрва без документација. Истовремено, кривична пријава е поднесена и против С.Д. (55) од Прилеп за несовесно работење во службата, бидејќи не ги спровел прописите, дозволувајќи настанот да не биде процесуиран и така овозможил да истечат роковите за кривично гонење.
„СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Д.(44) од с.Дебреште, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,кражба“ и против С.Д.(55) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 03.11.2020 првопријавениот во атарот на с.Пешталево, пријавениот бил затекнат како управува товарно возило „ман“ натоварено со букови дрва на кои немало и не поседувал документација. Додека, второпријавениот – главен инспектор за општ криминалитет во Надворешна канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп, не се придржувал на прописите и стандардите, со што овозможил кривично правен настан, за кој биле обезбедени докази, да не биде процесуиран до надлежното Основно јавно обвинителство и на тој начин овозможил да течат роковите за кривично гонење.“ стои во соопштението од МВР