1 000 денари за струја – кој има право да аплицира? – Министерството за енергетика објави оглас

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија објави јавен оглас за финансиска поддршка на ранливи потрошувачи на енергија во 2025 година. Овој оглас има за цел да им обезбеди помош на домаќинствата кои ги исполнуваат условите за категориите на ранливи потрошувачи, како што се семејства со деца со попреченост, згрижувачи на деца и лица со попреченост или социјални случаи.

Според огласот, финансиската поддршка ќе се доделува преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 1000 денари, за период од 12 месеци, сметано од денот на поднесување на барањето. Поддршката ќе им биде доделена на домаќинства со деца со попреченост кои остваруваат право на посебен додаток, на згрижувачи кои имаат надоместок за згрижување лица, како и на домаќинства во кои се згрижени едно или повеќе лица.

Финансиската поддршка ќе се доделува согласно програма која е објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а во рамките на оваа програма се обезбедени средства до исцрпување на предвидениот буџет.

Министерството информира дека лицата кои користат гарантирана минимална помош или остваруваат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за енергентите во домаќинството нема да имаат право на финансиска поддршка од овој оглас. Апликациите за поддршка ќе бидат примани во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас.

Оваа иницијатива е дел од активностите на Министерството за енергетика кои имаат за цел да ги поддржат најранливите категории граѓани во државата и да ги намалат трошоците за потрошувачка на енергија за оние кои се соочуваат со економски тешкотии.

Министерство доделува финансиска поддршка на :
1.1 домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток согласно Законот за заштита на децата чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување согласно Законот за данок на личен доход на членовите на домаќинството во 2024 година не го наминувал износот од:

  • 42.000,00 денари за домаќинство со два члена,
  • 60.000,00 денари за домаќинство со три члена и
  • 80.000,00 денари за домаќинство со четири и повеќе члена, не сметајќи го посебниот додаток согласно Законот за заштита на децата.
    1.2 згрижувач кој згрижува едно лице во своето семејство, корисник на надоместок за згрижување согласно член 123 од Законот за социјалната заштита, чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување на месечно ниво согласно Законот за данокот на личен доход на членовите на домаќинството во 2024 година не го надминувал износот од:
  • 42.000,00 денари за домаќинство со два члена,
  • 60.000,00 денари за домаќинство со три члена и
  • 80.000,00 денари за домаќинство со четири и повеќе члена, не сметајќи го надоместокот за згрижување на едно лице.
    1.3 згрижувач кој згрижува две лица во своето семејство, корисник на надоместок за згрижување согласно член 123 од Законот за социјалната заштита, чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување на месечно ниво согласно Законот за данокот на личен доход на членовите на домаќинството во 2024 година не го надминувал износот од:
  • 80.000, 00 денари за домаќинство со три члена и
  • 100.000, 00 денари за домаќинство со четири и повеќе члена, не сметајќи го надоместокот за згрижување на едно или повеќе лица.
    1.4 згрижувач кој згрижува три лица во своето семејство, корисник на надоместок за згрижување согласно член 123 од Законот за социјалната заштита, чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување на месечно ниво согласно Законот за данокот на личен доход на членовите на домаќинството во 2024 година не го надминувал износот од:
  • 120.000,00 денари за домаќинство со четири и повеќе члена, не сметајќи го надоместокот за згрижување на едно или повеќе лица.
    1.5. згрижувач кој згрижува четири лица во своето семејство, корисник на надоместок за згрижување согласно член 123 од Законот за социјалната заштита, чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување на месечно ниво согласно Законот за данокот на личен доход на членовите на домаќинството во 2024 година не го надминувал износот од:
  • 140.000,00 денари за домаќинство со пет и повеќе члена, не сметајќи го надоместокот за згрижување на едно или повеќе лица.
    1.6 згрижувач кој згрижува пет лица во своето семејство, корисник на надоместок за згрижување согласно член 123 од Законот за социјалната заштита, чиј вкупен нето доход кој подлежи на оданочување на месечно ниво согласно Законот за данокот на личен доход на членовите на домаќинството во 2024 година не го надминувал износот од:
  • 160.000,00 денари за домаќинство со шест и повеќе члена, не сметајќи го надоместокот за згрижување на едно или повеќе лица.
    Согласно со член 4 од Програмата, лицата со категориите од точка 1.1.до точка 1. 6 се стекнуваат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 1000,00 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето.
    Доделувањето на финансиската поддршка го врши Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини преку селекција на пристигнатите барања од домаќинствата за секоја од категориите наведени во точките од 1.1 до 1.6 од овој оглас, се до исцрпување на предвидените средства согласно програмата. Финансиска поддршка се доделува преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 1000,00 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето, во времетраење од 12 месеци.
    На ранливите потрошувачи на енергија согласно програмата коишто користат гарантирана минимална помош и остваруваат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството во согласност со член 42 од Законот за социјална заштита и за старите лица согласно член 7 од Законот за социјална сигурност на стари лица не им следува финансиска поддршка од овој оглас.
    Рокот за аплицирање по овој јавен оглас изнесува 30 дена сметано од денот на објавување на јавниот оглас.
  • За повеќе инфорации посетете ја страната на https://www.ea.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81/

Слични Објави