Здравјето и грижата за лицата со попреченост во фокусот на активностите на „Ѕуница“
Дневниот центар „Ѕуница“, лабораторијата „Максим“ и Амбулантата „Десоски“ со заедничка активност за унапредување на здравјето на лицата со попреченост
Во пресрет на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Дневниот центар „Ѕуница“ започна со реализација на низа активности посветени на подигнување на свеста за потребите, правата и еднаквите можности на лицата со попреченост.
Како дел од предвидените активности, денеска беа спроведени систематски здравствени прегледи на корисниците на центарот, со цел да се направи процена на нивната општа здравствена состојба и да се посвети дополнително внимание на превенцијата и грижата за здравјето.
Активноста беше реализирана во соработка со Амбулантата „Десоски“ и ПЗУ „Дијагностичка биохемиска лабораторија Максим“, кои дадоа свој придонес во обезбедувањето здравствена грижа за корисниците.
Од Дневниот центар „Ѕуница“ истакнуваат дека здравјето, поддршката и еднаквиот пристап до здравствени услуги се основни права на секој човек, нагласувајќи дека лицата со попреченост заслужуваат континуирана грижа, внимание и еднакви можности за квалитетен живот.
Оваа активност е дел од низата иницијативи што ќе се реализираат во наредниот период, во чест на Меѓународниот ден на лицата со попреченост


