|

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР: ЈАВЕН ПОВИК – ЈАВНИ РАБОТИ

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година, Општина Демир Хисар, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

до евидентирани невработени лица за вклучување во

Програма за работно ангажирање – Јавни работи

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица со ниски квалификации во проект од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина на локално ниво да се пријават во Центарот за вработување Демир Хисар.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програма за работно ангажирање – Јавни работи ќе бидат работно ангажирани 30 работни дена при што за време на работниот ангажман статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица – корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество имаат сите невработени лица со ниски квалификации.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програма за работно ангажирање – Јавни работи се предвидува паричен надоместок во висина од 800 денари по работно ангажирано лице, дневно, со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:

– Потребен број на кандидати: 15 лица;

– Профил на кандидатите: Евидентирани невработени лица со ниски квалификации;

– Активности – работен ангажман: Активности од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина на локално ниво

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програма за работно ангажирање – Јавни работи можат да поднесат во Центар за вработување Демир Хисар секој работен ден во периодот од 08.10. до 20.10. од 08.00 до 15.00 часот.

Пристигнатите пријави по завршување на рокот нема да бидат земени во предвид.

Селекцијата на заинтересираните пријавени кандидати ќе биде извршена од Комисија формирана од страна на Градоначалникот на општина Демир Хисар со претставници од општинската администрација и Центарот за вработување Демир Хисар.

Доколку по завршување на рокот за пријавување не се пријават доволен број на кандидати од страна на Центарот на вработување, преостанатите позиции ќе бидат надополнети по пат на Посредување од Центарот за вработување Демир Хисар.

Заинтересираните невработени лица потребно е да носат документ за лична идентификација за да можат да пополнат ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО за невработени лица и ИЗЈАВА ЗА СОГЛАСНОСТ.

Слични Објави