|

ПРИЛЕП ВЕЧЕРВА СОБИРЕН ЦЕНТАР ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ФОЛКЕРИ

Деветтото издание на фестивалот на авторска народна музика „Прилеп Фолк Фест“ ќе се одржи вечерва во домот на културата „Марко Цепенков“ во 19:30 часот. Фестивалот оваа година е во организација на „Здружението за музичка продукција и организација на настани Мјузик Фест – Прилеп“, а под покровителство на општина Прилеп.

Фестивалот ќе понуди македонски современи песни, изведени од најреномираните македонски и странски пејачи, а напишани од македонски автори.

„Прилеп Фест“ ги собира на едно место најпознатите фолкери: Наум Петрески, Зуица Лазова, Анета Љумаковска, Спасен Сиљаноски, Елена Велевска, Чеде Спасиќ, Стојне Николова, Андријана Ацевска, Ташко Каранфиловски, Бојан Палиќ, Сања Цинцева, Лилија Семкова, Суад Усеин Цуле, Мики Тра Ла Ла, Вукица Челебиева, Жаклина Маркоски и Група Фортуна.
Со нетрпение очекуваме да ви ги претставиме новите песни, изведени од најдобрите уметници од земјава и странство.

Слични Објави