Јован дочекан со аплауз од соучениците – спаси 21 дете од пожарот во Кочани (видео)
19-годишниот Јован Костадинов од Виница се врати во училиште денес по неколкудневно лекување на Токсикологија, откако беше повреден во трагичниот пожар во Кочани. Со аплаузи и прегратки, соучениците, професорите и граѓаните му изразија благодарност за неговиот херојски гест.
Неговата храброст се покажа во моментот кога без двоумење влезе во опожарената дискотека „Пулс“ во Кочани, спасувајќи повеќе од 20 деца. За да се заштити од димот и топлината, Јован ја натопил маицата со вода и ја ставил на лицето, пред да се впушти во опасниот подвиг.
Иако самиот беше повреден, неговата храброст и решителност го направија вистински херој. Во пожарот кој избувна рано наутро, загинаа 59 млади луѓе, а над 200 лица беа повредени.
Јован сега се чувствува подобро, а во гимназијата „Ванчо Прќе“ го дочекаа како вистински херој.