Стеваноски: Откажете се од народните пари!

Адвокатот и кандидат за советник на листата на Левица, Жарко стеваноски, преку ФБ статус ги повика сите оние кои се кандидираат за советничкото место, да се откажат од паушалот, кој им следува за обавување на советничката функсиција. Во продолжение ви ја пренесуваме целосната порака.

ИЗБРАНА е функцијата СОВЕТНИК во Советот на Општина Прилеп❗
Народ не бира. Ние сме емисари од народот со задача да им ги испорачаме сите оние работи кои сме им ги ветувале за време на изборите.

Од сите нас, народот избира поединци кои се “истакнале” во средината и преку нивниот општествен статус, народот очекува да му биде возвратено со подобрување на нивната благосостојба.

Функцијата Советник не се извршува поради задоволување на социјалниот статус на советникот.

– Надоместокот за работата во советот нема да го користам за сопствени потреби и како свој приход, ами за потребите на оние на кои ќе им биде најпотребен и живеат во мојот град.

Јас велам дека МОЖЕБИ ЅИД СО ГЛАВА НЕ СЕ ТУРКА, АМА СО ЛИЖЕЊЕ ИЧ.

– Затоа, јавно ги повикувам сите останати учесници во оваа предизборна кампања кои се тркаат преку советничките листи, да покажат доблест и да се заветат дека парите од народот ќе ги остават на народот за да ги паметат идните генерации во својата заложба за подобар Прилеп.

Ветите се и сплотете, ВЕТЕТЕ ГО И ОВА !

Слични Објави