ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА „10 ПОТСТРИЖУВАЊА ЗА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ“ ВО ПРИЛЕП

Во рамките на Movember – месецот посветен на машкото здравје, во Прилеп на 28 ноември (сабота) ќе се одржи хуманитарен настан под мотото „10 потстрижувања за машкото здравје“.

Настанот ќе започне во 11 часот, во студиото „Крешо & Мики стајл“, каде што фризери од Прилеп ќе ги здружат своите вештини и хуманост со една заедничка цел – помош за лекувањето на Михо и Никодим.

Во хуманитарната акција ќе учествуваат: Крешимир Здравески, Андреј Сековски, Виктор Крстески, Ѓорѓија Јанкулоски, Димитрија Пирганоски, Михаил Здравески, Давор Нацев и Љубица Стојанов.

Поддршка со дополнителни салони ќе дадат и „Уникат“ – Виктор Андоноски и „Дејви“ – Дејви Размоски.

Сите собрани средства од настанот ќе бидат донирани за лекувањето на Михо и Никодим.

Организатори на настанот се ПРОЕВЕНТ и Регионалната фризерска секција – Прилеп, со поддршка од Регионалната козметичка секција – Прилеп.

Хуманоста не е прашање на стил. Овојпат, секое потстрижување е чекор кон помош!

Слични Објави