ЌЕ НИ ТРЕБААТ ЛИ ПЕЈАЧКИ ВО БИКИНИ, ЗА ДА ГИ ИСПОЛНИМЕ ЗАКОНСКИТЕ ОБВРСКИ?
Заинтересираноста на граѓаните за функционирањето на локалните самоуправи е можеби на најниско ниво од кога сме независна држава. Тоа кажува дека треба многу работи да се променат, особено во транспарентноста и отвореноста на општините.
Доколку нешто радикално не се смени, за исполнувањето на законската обврска (присуство на граѓани на расправата) при носењето на годишниот буџет, општинарите ќе мора да ангажираат турбо-фолк пејачка да настапи пред, на пауза и по завршувањето на настаните.
Или ќе се продолжи фингирање присуство на граѓани, со носење партиски војници?