23 мај Национален ден на Власите
Денес се одбележува Националниот ден на Власите, кој е официјално признат како ден посветен на влашката заедница во Македонија. Овој ден има за цел да потсети на присуството, културата, јазикот и традициите на Власите како дел од македонското општество.

Во рамките на одбележувањето, во понеделник, на 26 мај 2025 година, во Домот на културата „Наум Наумовски-Борче“ во Крушево, со почеток во 12:30 часот, ќе се одржи свечена приредба. Настанот е организиран по повод празникот и има за цел да претстави дел од културното наследство на влашката заедница.
Програмата вклучува:
- Настап на културно-уметничкото друштво „Наум Наумовски-Борче“,
- Рецитали и музички точки на влашки јазик.
Одбележувањето на 23 Мај е дел од календарот на национални денови на заедниците кои живеат во Македонија. Влашката заедница се смета за една од заедници во државата и е присутна во повеќе региони, вклучувајќи го и Крушево.
Општина Крушево ги покануваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот и да се запознаат со дел од културните особености на влашката заедница.