| |

Општина Новаци обезбеди нов дом за жител од Живојно

Во овие студени зимски денови, жител од Живојно кој живеел во тешки услови на работ на сиромаштијата, конечно доби пристоен дом. Општина Новаци обезбеди нов станбен простор за него – резиденцијален контејнер изграден по најсовремени стандарди.

Контејнерот е изработен од поцинкуван лим со изолација и опремен со електрична, водоводна и санитарна инсталација, што му овозможува на новиот станар подобри услови за живот во текот на зимата.

Општина Новаци продолжува со грижата за своето население, особено за социјално ранливите категории, кои сега ќе уживаат во многу поудобни и безбедни услови за живот.

Слични Објави