|

Обука и споделување знаења, вештини и искуства на ПР – ите на 9 општини

Обуката  со наслов „Јавност на општинската работа“, се одржа вчера во Прилеп и беше наменета за ПР службите на 9 – те општини од Пелагонија, па од секоја општина имаше по неколку посетители, кои се и гости и домаќини, како што објасни Благица Цветкоска – проектниот координатор од АГТИС.

Предавач и модератор беше Весна Арсовска – Динковска, Советник за односи со јавноста во ЗЕЛС, која и теориски и практично ја објаснување поставеноста на ПР службата во рамки на општината, а потоа модерираше расправа на општинските ПР професионалци, кои ги презентираа моделите на ПР службата во секоја општина, можностите и неможностите, проблемите и институционалното опкружување, кое и тоа како делува на типот на ПР во секоја општина, со оглед на големината и „силата“ на општината.

Од АГТИС објаснија дека оваа обука е дел од проектот „Отворени општини со отворени податоци II“, кој е продолжеток на истоимениот проект од 2022 година, во кој ги констатирале проблемите на општините со јавното информирање и недостатокот на учество на граѓаните во општинските настани и форуми, со што и градоначалниците се согласиле, па потпишале Меморандум за соработка со Отворената телевизија (ОТВ), која била прва медиска заедница во Југо – источна Европа и има амбиција, преку мрежата на општини со наслов „ИРИС“, општините да ги приближат граѓаните кон себе.

Оваа обука ќе била континуирана и ќе продолжи барем уште една година, било со средби во живо – како оваа, било преку онлајн обуки. Како и да е, општините ќе објавуваат и преку мрежата ИРИС, со што ќе се постигнат слични стандарди на информирање и комуникација со граѓаните.

Слични Објави