ОПШТИНА ПРИЛЕП ПОДНЕСЕ ПРОЕКТИ ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛС (ВИДЕО)
Денес, Општина Прилеп ги поднесе планираните проекти до Министерството за локална самоуправа, кои се од особено значење за развојот на градот. На ФБ профилот стои дека Општина Прилеп очекува поддршка од владата на Македонија, затоа што овие проекти се дел од визијата за подобра инфраструктура и развој на општина Прилеп.
Поеднесени се следниве проекти:
1. Изградба на кружен тек на улица „11-ти Октомври“, улица „Кеј 9-ти Септември“ и улица „Кеј 1-ви Мај“ (мост „Табана“).
2. Изградба на дел од улица „Победа“, од крстосница со улица „Александар Македонски“ до крстосница со улица „Павел Шатев“.
3. Реконструкција на постоечки водоводни линии во градска четврт Карабдалица. (во централното градско подрачје)
4. Реконструкција на дел од јавна површина со партерно уредување и поставување на урбана опрема во централното градско подрачје на Прилеп (кај хотел „Скопје“).