Јавен повик за студентски стипендии од Општина Прилеп
Општина Прилеп денеска објави Јавен повик за доделување на стипендии на студенти од општина кои се запишани во прва година на Економски факултет – Прилеп, во прв уписен рок.
Стипендиите се наменети за:
- најдобрите студенти, кои се истакнале со својот успех и постигнувања,
- студенти од социјално ранливи категории, на кои оваа поддршка им е особено потребна.

Рокот за аплицирање е 5 дена од денот на објавувањето, а пријавите се доставуваат во Општина Прилеп – преку Архивата на Оштина Прилеп до Комисија за општествени дејности и заштита на правата на децата во затворен плик со намена “за доделување стипендии на студенти од Општина Прилеп“ со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“, име и презиме и адреса на барателот.
Со оваа мерка е да им шанса на младите да се развиваат, да учат и да останат да градат успешна кариера токму овде – во својот град.
Целиот јавен повик со деталите и потребната документација е достапен на официјалната веб-страница на Општина Прилеп: https://www.prilep.gov.mk/javen-povik-za-dodeluvanje…/



