|

КАНДИДАТИТЕ ПОЗНАТИ – 9. Прилепчанки и Прилепчани по градскиот „престол“

Општина Прилеп влегува во изборна атмосфера за локалните избори 2025 година. Државната изборна комисија ги објави имињата на кандидатите за градоначалници и носителите на советнички листи.



  • Кандидати за градоначалници поддржани од група избирачи:
    Љупчо Дунимаглоски,
  • Ѓорѓија Игески,
  • Борче Чупетрески
  • Павлинче Матеска.
  • Кандидати поддржани од политички партии и коалиции:
    Петра Лукареска (СДСМ),
  • Владимир Ѓорѓиоски (Македонска Ера Трета),
  • Дејан Проданоски (ВМРО-ДПМНЕ – Твоја Македонија),
  • Жарко Бошкоски (Искуство за успех),
  • Јасминка Стојковска (Демократи).

Кандидатски листи за советници во Општина Прилеп:
Левица – Методија Костоски, Групи избирачи – Иле Бачанов и Страшо Наумоски, СДСМ – Драгица Николоска, Македонска Ера Трета – Никола Трајкоски, Единствена Македонија – Милан Јовчески, Движење ЗНАМ – Мирјана Стеваноска, ВМРО-ДПМНЕ – Билјана Кржеска, Македонска акција МААК – Давид Станкоски и Искуство за успех – Васе Стефаноска.

Според Роковникот за локалните избори 2025 година, Општинската изборна комисија ќе ги провери кандидатските листи најдоцна до 14 септември, а редоследот на кандидатите ќе биде утврден до 20 септември. Со ова, изборната трка за Прилеп официјално започна.

Првиот круга на изборите е на 19. Октомври, а вториот, две седмици подоцна. Изборната кампања започнува на 29 Септември.

Слични Објави