|

Уредување на јавниот простор за поубава Битола

Општина Битола, според планираните програми и проекти за 2025 година продолжува и со активностите за уредување и расчистување на јавните простори, каде што претходно беа поставени времените објекти – гаражи. Во оваа иницијатива, реализирана во соработка со јавните претпријатија Комуналец, Водовод и Нискоградба, се става акцент на создавање поуредена и почиста околина за граѓаните.

Во анкетата која ја спроведе нашиот портал OTV.mk, со жителите од Битола пред новогодишните празници, еден од главните проблеми кои го посочија жителите и на кој треба општината да делува, беше токму остранување на сметот од поставени времените објекти – гаражи.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, направи увид на теренот, каде што активно се работи на отстранување на отпадот од овие локации. Тој најави дека ќе се продолжи со планираната динамика, која вклучува целосно расчистување на сите области каде што времените објекти се отстранети. Дополнително, на овие локации ќе се преземат мерки за нивно соодветно уредување, со цел да се подобри естетиката и функционалноста на јавниот простор.

Оваа иницијатива е дел од напорите на општината за создавање на поубава и поуредена Битола, во корист на сите нејзини граѓани.

Слични Објави