|

ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ЗА ДНЕВЕН ЦЕНТАР „ЅУНИЦА“ ВО ЧОШЕ (ВИДЕО)

Синоќа на платото пред градскиот саат се одржа хуманитарен концерт, во организација на Лајонс – Прилеп, а беше наменет за дечињата од „Ѕуница“.

Добро познатите Теди и Рубин, Филип Николоски, Ѓоко Ѓорчев и дечињата од детскиот фестивал „Весели Ѕвончиња“ се погрижија за децата од Центарот за деца со посебни потреби „Ѕуница“ да имаат прекрасна вечер. Веднаш до Чоше имаше и штанд со рачно изработени украси, изработка на дечињата од „Ѕуница, а неколку од нив имаа и свој настап на концертот.

Овој концерт се одржува веќе неколку пати и организаторот вети дека ќе прерасне во традиционален и ќе се продолжи со помошта за „Ѕуница“ и во иднина.

Слични Објави